Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект.

— реклама —

„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.

— реклама —

„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.

— реклама —

Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.

„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.

Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Изборите во Брвеница се ближат, ДИК го утврди гласачкото ливче

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
FotoJet-41

Ревизорите открија пропусти во јавните набавки и финансиското планирање на изборите

Македонија | пред 7 месеци

media-library417vtphriakgdyOpmJV

ДИК–ИФЕС: Фокусирана соработка за клучните стратешки приоритети на Комисијата

Македонија | пред 8 месеци

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања