Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Почна да се лизга земјиштето на Водно за кое соседите стравуваат дека ќе проголта три куќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
244804423_10227485871956455_1201901303549522420_n

Почна лизгањето на земјиштето на Водно околу новото градилиште за четирикатница на улицата Партениј Зографски за кое соседите пред дваесетина дена, преку протест, предупредија дека може да ги проголта трите околни куќи. Длабоката градежна јама, попуштила на спротивната страна од куќите и се заканува да ја поткопа улицата, која пак им е единствен пристап до дома на десетина куќи. Земјата се изронила вчера со силен тресок

— реклама —

Пред дваесетина дена за можноста да се лизне земјиштето, на протестот организиран од соседите, предупреди архитектот Атанас Бошков. Тој алармираше дека градежната јама е небезбедна и јавно побара веднаш да се преземат мерки за околните куќи да не завршат во дупката за новиот објект.

— реклама —

Градежната инспекција на Општина Центар не се огласи по барањата на жителите, копањето продолжи, а сега веќе дел од градежната јама е бетониран, а земјата е урната врз бетонот.

Жителите од соседните куќи против оваа градба реагираат уште од мај, кога почна сечата на дрвјата кои беа на парцелата за која Маја Сотировска и Жарко Будимовски тврдат дека им била доделена на користење на нивните родители, но соседите, кои сега се инвеститори, успеале да ја приватизираат со лажна изјава дека биле нејзини корисници. Инвеститори, според истакнатите податоци на градилиштето, се сопствениците на земјиштето Гоце Лазаревски, Кети Јаневска, Јулија Тодоровска – Ајковска и Јаница Петровска. Нивен претставник во мај за „А1он“ изјави дека ги имаат сите потребни документи кои се лесно проверливи во институциите, а обвинувањата од соседите ги нарече неосновани и неточни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања