Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Почна муслиманскиот Рамазански пост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ramazan-post

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

— реклама —

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 13 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

— реклама —

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.Во пресрет на рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху,им порача на верниците да го искористат овој период за зајакнување на свесноста за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот, за очистување на мислите, срцата и душите и за дарежливост и солидарност со сиромашните.Тој упати апел да се почитуваат препораките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Извор/фото:Агенции

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања