Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Скопје
media-librarykqnr33mppf5tbFUuyKG

Општина Центар почна реконструкција на вториот дел од ул. „Ленинова“ (над 600 м), од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство. Сега се работи на прва и втора фаза до ул. „Наум Наумовски Борче“, со привремен сообраќаен режим 30 дена (половина коловоз затворен). Реконструкцијата ќе оди во повеќе фази со повремени целосни затворања и пренасочувања. Предвидени се нов коловоз, тротоари и пешачки патеки, велосипедска патека и обновено зеленило. Првиот дел беше саниран во 2023 со асфалт, инсталации, ЛЕД-осветлување и резидентен паркинг.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“.

На овој потег воведен е привремен режим на сообраќај во период од 30 дена, при што едната половина од коловозот е затворена, додека сообраќајот се одвива по другата половина од улицата.

Реконструкцијата на улица „Ленинова“ ќе се одвива во повеќе фази. За време на асфалтирањето, одредени делови од улицата ќе бидат целосно затворени, а возилата ќе се пренасочуваат по соседните улици. Станарите ќе имаат пристап до своите домови, а нивното движење ќе биде рачно регулирано во координација со изведувачот, при што непречено ќе се пропуштаат и интервентни возила.

„Во програмата ветив подобрување на патната инфраструктура во општината. Со реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“ воспоставуваме континуитет со првиот дел од оваа сообраќајница. Се предвидува уредување на коловозот, тротоарите и пешачките патеки, поставување велосипедска патека и обновување на зеленилото долж целиот потег, со што овој дел од улицата ќе добие поуреден и побезбеден изглед за сите учесници во сообраќајот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Првиот дел од улицата „Ленинова“ беше саниран во 2023 година, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Тогаш беа поставени нов асфалт, нова водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоари, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања