Почна со работа новата фабрика за медицински канабис во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-otvoranje-fabrika

Фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска официјално беше отворена во Општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

— реклама —

Во новиот објект на Фармакан, досега се вложени 20 милиони евра. Компанијата ги доби највисоките стандарди, а производите веќе се присутни на светскиот пазар.

"Измените во законот за опојни дроги се во собраниска процедура и преку нив дополнително ќе ги стумулираме и инвеститорите и младите луѓе да останат тука и да најдат работа во овој сектор", рече министерот за здравство, Венко Филипче.

— реклама —

Премиерот Заев испрати порака до инвеститорите да го следат примерот и да вложуваат во нови производи со поголема додадена вредност.

-Упатувам искрени честитки за отворањето на овој нов капацитет. Во овие услови на пандемија ваквите сериозни инвестиции влеваат сигурност и отвараат нови работни места. ,,НЈСК Холдинг” извезува производи до сите континенти во светот. Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Ако тоа се случи очекуваме отворање на илјадници нови места и извоз на 250.000 производи од канабис – истакна Заев.

Премиерот додаде дека со измените на Законот за опојни дроги ќе се отвори вратата за 250 милиони евра производство следната година.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања