ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Почнува судењето за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Saban-Saulic_ke-se-snima-dokumentaren-film

По речиси три години од сообраќајката во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе го добие својот судски епилог.

— реклама —

Рочиштето на кое Турчинот, Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари.

— реклама —

Целото семејство Шаулиќ ќе оди во Германија, а ова ќе биде првпат да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан, а Гордана Шаулиќ за сето ова рече:

— реклама —

- Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и ќе живеат со него засекогаш.

Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен.

Да потсетиме, Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ починаа на 17 февруари 2019 година. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот беше непрооден, бидејќи пожарникарите два часа ги извлекуваале од автомобилот.

Како што подоцна било констатирано, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања