Почнува судењето за убиството на ракометарот Денис Тот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
3

Денес почнува судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје.

— реклама —

Случајот ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

— реклама —

Обвинети за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

— реклама —

/2-187" rel="attachment wp-att-197419">

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

На стартот од судењето, адвокатот Емил Гугутчески од Прилеп, застапник на обвинетата Клементина, бараше одлагање.

„Во разговор со родителите на Климентина, тие побарале од првиот адвокат да им ги достави доказите, но не ги добиле бидејќи не можеле да го добијат. Бараме да се одложи главната расправа, за две недели, да се спреми одбрана“, рече адвокатот Емил Гугутчески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1

Обвинетите за убиството на ракометарот Тот не се чувствуваат виновни

Македонија | пред 3 години

denis-tot-222

Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања