Почнуваат Зимските олимписки игри, Македонија со четворица натпреварувачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
media-library6pfgt3e9tm4j3RnX7N8

Со свечена церемонија на стадионот на Милан и Интер денеска во 20 часот официјално започнуваат 25. Зимски олимписки игри, кои ќе траат до 22 февруари, а Србија ќе има тројца претставници.

— реклама —

На овие трети Игри што се организираат во Италија, чијшто домаќини овојпат се официјално Милано и Кортина д’Ампецо, Србија ќе ја претставуваат Ања Илиќ и Милош Милосављевиќ во нордиско скијање и Алекса Томовиќ во алпско скијање.

— реклама —

На ЗОИ 2026 ќе се натпреваруваат вкупно 2.871 спортист, од кои 1.533 мажи и 1.338 жени, претставувајќи 92 олимписки комитети.

— реклама —

Натпреварувањата ќе се одржуваат во осум спортови, во вкупно 16 дисциплини.

Церемонијата на отворање ќе биде збогатена со настапи на оперскиот пејач Андреа Бочели, рок пејачката Лаура Паузини и американската музичка ѕвезда Мараја Кери.

Претседателот на Италија, Серђо Матарела, ќе ги отвори Игри официјално.

Свеченото затворање на Игрите ќе се одржи на 22 февруари во Верона.

Македонскиот олимписки тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти кои се најдобри во своите дисциплини: Јана Атанасовска, e рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом, Ставре Јада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт Ана Цветановска, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.

Делегацијата ќе биде сместена во неколку олимписки села со цел спортистите да бидат поблиску до патеките, а за нивната логистика ќе се грижат шефот на мисијата Цветанка Макаровски и нејзиниот заменик Петар Спасеновски.

Распоредот за настап на нашите нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp9t4g0amehjf9eJ9nmg

Објавен македонскиот олимписки тим за Зимските олимписки игри во Италија

Спорт | пред 2 седмици

olimpijada1-1

Проблем во Париз: Сена загадена, натпреварувањето одложено

Спорт | пред 1 година

olimpijada1

Иновации на Олимпијадата: Нема да верувате од што е направена тркачката патека во Париз

Магазин | пред 1 година

olimpijada

Ова се правилата кои мора да се почитуваат во Олимпиското село: Некои се крајно бизарни, но има причина за тоа

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања