Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Под мотото „Сите нека знаат“ денес се одржува Скопје прајд 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
prajd

Под мотото „Сите нека знаат“, денес во Скопје ќе се одржи седмото издание на Скопје прајд, настан посветен на промоција на еднаквоста, човековите права и видливоста на ЛГБТИК+ заедницата.

— реклама —

Собирот на учесниците е закажан за 18 часот кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, додека протестниот марш ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански одреди“, улицата „Димитрие Чуповски“ и ќе заврши во паркот „Жена борец“.

— реклама —

Организаторите истакнуваат дека Парадата на гордоста и годинава има протестен карактер и претставува повик за почитување на човековите права, достоинството и еднаквите можности за сите граѓани.

Скопје прајд го организира Национална мрежа против хомофобија и трансфобија, мрежа формирана во 2014 година, која обединува организации и активисти што работат на унапредување на правата на ЛГБТИК+ заедницата.

— реклама —

Во рамки на годинашните активности се одржува и фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје“, кој преку изложби, културни настани и јавни дебати ги отвора прашањата за различностите, човековите права и општествената инклузија.

— реклама —

Со мотото „Сите нека знаат“, организаторите порачуваат дека видливоста, еднаквоста и безбедноста на сите граѓани треба да бидат темелни вредности на секое демократско општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4j8ep19cjsc91q9XiPe

Под слоганот „Сите нека знаат“ започна осмата Парада на гордоста во Скопје

Скопје | пред 3 седмици

Screenshot-2025-05-24-at-10.49.40

„Скопје Прајд“ 2025 ќе се одржи на 21 јуни

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања