Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Под слоганот „Сите нека знаат“ започна осмата Парада на гордоста во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library4j8ep19cjsc91q9XiPe

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денеска од Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје започна осмата Парада на гордоста, која годинава се одржува под слоганот „Сите нека знаат“.

— реклама —

Учесниците носеа знамиња и симболи во боите на виножитото, а организаторите порачаа дека овогодинешниот слоган ја нагласува потребата од поголема видливост на ЛГБТИ+ заедницата, но и укажува на предизвиците и недостатоците на системот со кои таа сè уште се соочува.

Според организаторите, годинашниот марш има изразен протестен карактер и претставува одговор на, како што наведуваат, зголемениот притисок и обидите за институционално невидливеење на ЛГБТИ+ заедницата.

— реклама —

Поворката се движи по проширена маршрута низ централното градско подрачје. Маршот започна по булеварот „Илинден“, продолжува по улицата „Рузвелтова“, булеварот „Партизански одреди“, булеварот ВМРО и улицата „Димитрие Чуповски“, а ќе заврши во паркот „Жена-борец“, спроти Собранието.

— реклама —

За разлика од претходните години, организаторите одлучија маршот да помине без музичка програма и забавен дел на крајната локација, со цел фокусот целосно да биде ставен на протестните пораки и барањата.

Меѓу клучните барања што беа истакнати се донесување на Законот за матична евиденција, правно признавање на родот, поголема заштита од насилство и посилна борба против говорот на омраза.

— реклама —

По завршувањето на маршот, заедницата ќе ја одбележи Парадата на гордоста со вечерен настан во културниот центар „Лабораториум“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

prajd

Под мотото „Сите нека знаат“ денес се одржува Скопје прајд 2026

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
Screenshot-2025-05-24-at-10.49.40

„Скопје Прајд“ 2025 ќе се одржи на 21 јуни

Трендови | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања