Вес Мичел, помошник државниот секретар на САД,човекот кој беше задолжен за притисоци врз Македонија да се смени името наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент. Неофицијално оставката Мичел ја поднел поради лични и професионални причини, пишува „Вашингтон пост”.
Тој беше номиниран уште во мандатот на првиот државен секретар предложен од страна на Трамп, Рекс Тилерсон, кој откако беше отпуштен во март 2018 година стана критичар на претседателот. Мичел остана на функцијата и во мандатот на секретарот Мајк Помпео.
Мичел ја посети Македонија во март, а потоа и во септември, да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за менување на името. Откако граѓаните го бојкотираа референдумот, Мичел изрази разочарување од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ги повика властите да го спроведат договорот со Грција. Мичел тогаш упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое оцени дека, независно од исходот на референдумот, партијата треба да гласа за преименувањето на државата. Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.
Во тоа писмо, во последните редови од тоа писмо професорон Христијан Мицкоски му пиша дека “секогаш е најтемно пред зората”.