Подготовки за Водици: Се уредува пристаништето во Охрид пред фрлањето на крстот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryp11dlpmfiskv2nINtSK
ФБ

Во Охрид почнаа подготовки за Водици со акција за уредување и чистење на пристаништето и езерските води, каде традиционално се одржува фрлањето на светиот крст. Активностите се насочени кон обезбедување безбедни услови и непречен пристап за сите верници и учесници во празничната манифестација.

— реклама —

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление - Водици, денес екипите работеа на терен за целосно чистење на пристаништето. Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад.

Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, објави на ФБ градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања