Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Подготвена физбилити студијата за Закон за потекло на имот, за прв пат ќе се проверува нелегално стекнат имот и капитал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SMK_7184

Домашни и странски експерти ја подготвија физибилити студијата за подготовка на Предлог Закон за потекло на имот. Студијата која е подготвена со експертска и техничка помош од Советот на Европа, денеска беше презентирана пред заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, од страна на меѓународни експерти од Советот на Европа.

— реклама —

Физбилити студијата дава покомплетна слика за потребата од носење на вакво законско решение, односно ќе треба да се докажува на кој начин е стекнат имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека стекнатиот имот и капитал ги надминува редовните одданочени приходи.

„На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, е подготвена физибилити студијата, којашто е првиот чекор за подготвка на овој закон, што е од исклучителна важност за сузбивање на корупцијата и криминалот, преку испитување на потеклото на имот и капиталот. Очекуваме со овој закон да се надминат и досегашните системски пречки за проверка на имотот на актуелните функционери и оние фунцкионери на коишто им истекол мандатот. Со Законот за потекло на имот, за прв пат ќе се воведе контрола на капиталот, со што се отвара патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните. За прв пат носиме ваква храбра одлука, за спроведување на системски реформи, за создавање на функционален систем, со транспарентни институции во служба на граѓаните“, рече вицепремиерот Николовски.

— реклама —

Подготвената студија, содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение. Веќе е формирана работна група во чиј состав се домашни и меѓународни експерти кои започнуваат со подготовка на законските одредби. На денешната презентација присуствуваа претставници од Советот на Европа, од надлежните институции во земјава, како и домашни и странски експерти, кои ги искажаа своите мислења и предлози за физибилити студијата и за потребата од носење на Закон за потекло на имот.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања