Промени тема
Контакт

Подгответе го возилото за возење во зимски услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
240558541_4533512266699832_4919632053019203780_n

Подгответе го возилото за возење во зимски услови!

Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и зголемени опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Главните опасности по сообраќајот во есен се: тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите температурни разлики, како и зголеменото учество на земјоделска механизација која го успорува сообраќајот.

Подгответе го вашето возило за возење во есенски и зимски услови. Обврска на возачите е да се прилагодат на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата.

— реклама —

РСБСП особено потсетува на следното:

• НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА. Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.

• ДРЖЕТЕ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ. Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа, држете безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.

— реклама —

• БИДЕТЕ ПРЕДВИДЛИВИ. За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд, влажни и замрзнати коловози особено е важно вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, успорување или забрзување на возилото.

• ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ВО УСЛОВИ НА МАГЛА. Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате такви светла). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте други возила сè додека вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно.

— реклама —

• НАПРАВЕТЕ ТЕХНИЧКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО. При есенски услови на патот посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при пониски температури и влажни и лизгави коловози на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете редовна зимска проверка на возилото со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката и сл.

РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот и ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, тогаш бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди значително ќе се намали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања