Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Подметнат ли е пожарот во Треска за да се отвори пат за нова бетонизација, прашува „Зелен хуман град“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
treska-pozar-zelen-human-grad

Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје на „Зелен хуман град“ прашува дали пожарот во Треска е подметнат, за да може одново да се гради на тој простор, како што и веќе постои план.

— реклама —
— реклама —

„Заедно со ЗХГ се прашуваме дали пожарот во Треска е подметнат, со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација. Треска е еден од ретките простори во општина Центар што дава можност тука да никне нов парк, а објектите да се пренаменат за културен центар и младински зелени стартапи. Новиот ГУП мора да го зачува овој простор од изградба на нови згради. За борба против загадувањето во градот мора да остане “светото тројство” што го формираат Градскиот парк, парк-шумата Гази Баба и Расадник, но не смее да се бетонизираат ниту Треска, ниту просторот пред Холидеј Ин. За изработка на новиот ГУП, мора да се донесе Катастар и Стратегија за урбано зеленило со кои зеленилото ќе се попише, постојните паркови ќе се заштитат и ќе се предвидат нови, согласно Законот за урбано зеленило“, стои во реакцијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања