Промени тема
Контакт

Поднела барање за субвенции со лажни податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
traktor

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит или друга погодност од член 249 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци. Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември.

— реклама —
— реклама —

Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања