Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поднесена кривична пријава против 31-годишниот охриѓанец кој ја претепа својата девојка до онесвестување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа својата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди.

— реклама —

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. К. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 15.11.2026 година околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

— реклама —

Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот, К. К. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, додека, по барање на ОЈО, Основниот суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.

— реклама —

Во врска со настанот, на 15.11.2026 година во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ. К. (51) од Охрид, мајка на К. К., пријави дека Љ. Ѓ. (49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К. К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

„Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се!“: Зајкова бара охриѓанецот кој претепа девојка да одговара за обид за убиство

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryrlgdkvqaj67a5KCpHQv

Од мирен спортист до осомничен за брутално насилство: Тренерот Бобан од Охрид открива каков го познавал младиот охриѓанец кој ја претепа девојка му

Македонија | пред 1 час

media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

„Што ќе ја штити утре слободно да излезе низ град и дека нема да го сретне?“: Школскиот другар на претепаната охриѓанка со реакција за случајот

Македонија | пред 1 час

noz-ubistvo-napad

Барал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија: Мајката на претепаната охриѓанка со потресни детали за нападот

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања