„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Поднесени 5000 барања за субвенции - завршува јавниот повик за субвенции за инверетери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

— реклама —

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5000 пријави. Во согласност со овие бројки, ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.

— реклама —

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања