Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија, најдобрите денови за Скопје допрва доаѓаат, смета Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20211003_223303_484

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва на средба со граѓаните на Кисела Вода ја претстави својата изборна програма за модерно Скопје, истакнувајќи дека на Кисела Вода и на градот му се потребни решенија, а токму решенијата кои секојдневно ги дискутира со скопјани, ја градат нејзината визија за Скопје да прерасне во урбана, чиста, модерна европска метропола.

„Во нашата програма имаме и конкретни решенија, кои во партнерство со вашиот градоначалник ќе ги реализираме за Кисела Вода Ќе го изградиме ЈУЖЕН КОРИДОР – што ќе значи брзо и ефикасно поврзување на Кисела Вода со Центар – преку подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија и на потегот кај Рампа, но и на крстосницата помеѓу улиците Павел Шатев и Јордан Мијалков. Брзо и лесно стигнување на сите жители на Кисела Вода до центарот на градот. И ќе ја поврземе Кисела Вода со Аеродром преку улицата Народни Херои, па се до 3та македонска бригада. Но, нема да го заборавам и булеварот Борис Трајковски – ќе го поврземе Драчево со Кисела Вода. Да, токму тој булевар кој последните 4 години беше заборавен и Градот Скопје не мрднуваше со прст, за сега пред избори да им текне да се сликаат дека нешто прават. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките. Се обврзувам и на нова противпожарна станица во општина Кисела Вода со капацитет за пет противпожарни возила”, потенцираше Арсовска.

— реклама —

Арсовска ги повика граѓаните да ја поддржат нејзината програма за модерно Скопје, истакнувајќи дека после 17 октомври Скопје повторно ќе биде град на среќни луѓе, а градот ќе го менаџираат вистински професионалци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања