Промени тема
Контакт

Поевтин училишен прибор до 15%: Владата ја воведува „училишната кошничка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library006733a94g0e1RsM7NS
Photo by Laura Rivera on Unsplash

Со почетокот на новата учебна година, родителите повторно се соочуваат со високи трошоци за набавка на училишен прибор. За да се ублажи ударот врз семејните буџети, Владата денеска треба да донесе одлука за воведување на нова „училишна кошничка“.

Според најавите, мерката ќе опфати дел од производите што најчесто ги купуваат учениците, а нивните цени треба да бидат намалени до 15 проценти. Договорот е постигнат меѓу Министерството за економија и трговците со цел да се спречи дополнително поскапување во периодот кога побарувачката за училишен прибор е најголема.

Во понудата се очекува да има ранци, тетратки, пенкала, моливи, боички, фломастери и друг прибор неопходен за наставата.

За разлика од претходните две години, годинава нема да има еден унифициран пакет со однапред определени производи. Секој трговец ќе може сам да ја состави својата понуда, па во различни продавници ќе има различни комбинации и цени.

— реклама —

На тој начин родителите ќе можат да избираат според потребите, но и според сопствените финансиски можности, бидејќи цената ќе зависи од содржината на пакетот, брендот и квалитетот на производите.

— реклама —

Од надлежните потсетуваат дека сличната мерка во изминатите две години донела заштеда од околу 2.000 денари по ученик.

Сепак, и со најавеното намалување, почетокот на учебната година останува сериозен финансиски предизвик, особено за семејствата со првачиња. За основниот училишен прибор може да бидат потребни најмалку околу 5.000 денари, додека со ранец, дополнителна опрема и поквалитетни производи, вкупниот трошок може да достигне и од 7.000 до 10.000 денари.

— реклама —

Во зависност од потребите, родителите треба да обезбедат тетратки, пенкала, моливи, боички, фломастери, прибор за цртање, ранец и други неопходни производи за почетокот на наставата.

Конечниот опфат на производите, висината на намалувањето и начинот на спроведување на „училишната кошничка“ треба да бидат утврдени со одлуката што се очекува да биде донесена на денешната владина седница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања