Промени тема
Контакт

„Погрешија што се откажаа од руската нафта“ – Новак предупредува и на нов раст на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
nafta-mazut

Сè повеќе политичари и земји во светот признаваат дека направиле грешка со откажувањето од руската нафта и нафтените деривати, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Тој истакна и дека испораката на гас преку гасоводот „Северен тек“ би можела да продолжи доколку европските партнери го посакаат тоа.

— реклама —

На маргините на конференцијата „Руска енергетска недела“, Новак изјави дека оштетените делови од гасоводите би можеле да бидат обновени доколку се донесат соодветни одлуки.

„Во моментов, три од четирите гасоводи не се во функција поради терористички напади и експлозии. Еден гасовод остана недопрен и може да продолжи да испорачува гас. Тоа зависи од потрошувачите, од нашите европски колеги“, рече Новак, пренесуваат РИА Новости.

— реклама —

Тој предупреди дека продолжувањето на тензиите во Ормускиот Теснец би можело дополнително да ги зголеми цените на нафтата.

— реклама —

Според Новак, снабдувањето преку Ормускиот Теснец сè уште не е обновено, нестабилноста на пазарот е висока, а цените остануваат високи.

„Пазарот чека состојбата да се подобри, но ако оваа ситуација продолжи, сметам дека цените дополнително ќе пораснат“, истакна рускиот вицепремиер.

Тој додаде дека глобалниот пазар на нафта досега изгубил 2,2 милијарди барели поради кризата на Блискиот Исток. Според неговата проценка, доколку Ормутскиот Теснец повторно се отвори, на глобалниот пазар на нафта ќе му бидат потребни од 12 до 18 месеци за да се воспостави рамнотежа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7i1t8fqsuhp6T2QA0i

Голем украински напад врз Санкт Петербург: погодени нафтен терминал, центар за податоци и мост

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Центрите за податоци стануваат воени цели, Европа предупредена да ги преиспита плановите за вештачка интелигенција

Свет | пред 18 часа

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Недостигот на дизел ја тресе светската економија, Русија најавува поголем извоз

Свет | пред 1 ден

media-librarybf1d8965kpnd1U3E5Oi

Русија го обвини НАТО за ширење на влијанието надвор од сопствената територија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања