Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП“, вели Попов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library7kg0ju6o29b711Kz1Dx

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, изјави дека економските политики на Владата даваат резултати и дека покрај јавниот, се намалува и државниот долг.

— реклама —

Според него, заклучно со 30 јуни 2026 година, државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 проценти од бруто-домашниот производ, што претставува намалување за 41 милион евра во однос на претходниот месец.

— реклама —

Попов истакна дека, покрај тоа, јавниот долг во вториот квартал од годинава се намалил на 58,8 проценти од БДП и оцени дека тоа е показател за одговорно управување со јавните финансии.

— реклама —

Тој нагласи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, економијата бележи стабилизација и раст, посочувајќи дека БДП седум квартали по ред расте со стапка од три или повеќе проценти, додека инфлацијата, како што рече, е меѓу најниските во регионот и изнесува 3,4 проценти.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Владата ќе продолжи со политики насочени кон стабилизирање на јавните финансии, економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbfik324k3ir2Dqn73C

Попов: Стратегијата Македонија 2030 содржи шест столба со добро таргетирани политики кои се од клучно значење за државата

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-library7mqnb5q8c24bewyZ4Wg

Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него

Македонија | пред 11 месец

media-libraryd79gb00ddpqg8Mftwfl

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања