Полицаец го пријавил Коцев дека го удрил со возило, актерот дециден: Лага е!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2023-09-30-at-18.57.24

Актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец, извести скопската полиција.

— реклама —

Според МВР, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

— реклама —

Сепак, Коцев е дециден дека не сторил такво нешто. Тој во изјава за СДК.МК, рекол дека човекот кој му се обраќал ниту бил униформиран ниту се легитимирал дека е полицаец.

— реклама —

Во телефонскиот разговор за медиумот „СДК.МК“, Сашко Коцев изјавил дека полицаецот удрил со рака во неговото возило и ја вознемирил ќерка му која тој ја земал од час по музичко.

„Јас не ни знаев дека тоа е полиција, туку мислев дека се некои од обезбедување кои затвориле уличка. На прашањето: ‘Кои сте вие да затворате улица?’, ми рекоа ‘Сега ќе видиш кој сум’. И стоеше пред колата. Детето почна да плаче, јас од паника само ја придвижив колата, тој се тргна и заминав. Следна информација е оваа објава по порталите која е невистина. Немав никаква намера да прегазам никого“, изјавил Коцев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања