Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Полицаец пријавен за шпионажа – тајни од МВР завршиле во казино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.С. од Полициската станица за општа надлежност Тетово. Пријавата е доставена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања.

— реклама —
— реклама —

З.С. се сомничи дека во текот на 2023 и 2024 година сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик. Тој, како полициски службеник, прибавувал доверливи информации со увид во дневните билтени на МВР и анекс плановите за координирани контроли во казина и угостителски објекти, спроведувани од СВР Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.

— реклама —
— реклама —

Прибраните информации, кои претставуваат службена тајна, пријавениот им ги доставувал на физичко лице вработено во едно казино. Обвинителството ќе постапува понатаму по пријавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

МВР годинава проверувало 1.040 случаи на полициско постапување: Кривични пријави имало против 34 полицајци, 13 гонети за прекумерна употреба на сила

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-libraryvb1696v4qk7262H79a6

Автобусите и камионите под засилена полициска контрола во Македонија

Македонија | пред 26 минути

media-libraryugsmmimk201f1ymMCMj

(Видео) „Кажи не!“: МВР со кампања против сексуалната злоупотреба на деца на интернет

Македонија | пред 33 минути

media-library0hv7s5s0dpde96VuTlg

197 парфеми од познати брендови без документација одземени при претрес во Кочани

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања