Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полицаец пукал од службен пиштол кон соседната куќа, па заедно со колегата прикривале докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

— реклама —

На 08.12.2025 околу 23:40 часот В.Ј., на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А.Л., на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање.

— реклама —

Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа.

— реклама —

Прво и второпријавениот, со намера да го спречат и отежнат докажувањето, со пишани пораки преку телефон се договориле да го негираат настанот во целост.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 14 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања