На 30.01.2022 во 13.35 часот во СВР Тетово, 35-годишниот Н.Н. од Скопје пријавил дека неговиот пријател Г.К.(44), исто така, од Скопје, со кого заедно планинареле, на враќање од планинскиот врв Трескавец, над тетовско Вешала, ја повредил ногата, поради што им е потребна помош да се вратат.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка, во координација со екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, набрзо ги лоцирале, на повредениот му била укажана помош од страна на лекар од екипата и безбедно биле спуштени во с.Вешала.