Голема полициска рација имало синоќа во скопски Грчец, а во акцијата учествувала и пазарната инспекција, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.
Претресуван бил угостителскиот објект „Кава шиша бар“ на познатиот Шеваљ од Грчец.
Кај еден од гостите бил пронајден нож, а поради незаконско работење, објектот бил запечатен.
Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат во текот на денот.