Промени тема
Контакт

Полицијата го фати заканувачот кој праќаше писма кај Јовески и Русковска, познати детали за случајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ruskovska-ruskoska-jvevski-joveski

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

„Имено, на 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Рускоска.

— реклама —

Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија“, велат од МВР.

— реклама —

Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии.

— реклама —

„Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот. Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З.. При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело. С.З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С.З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното обвинителство“, додаваат тие.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања