Полицијата низ Скопје и Битола лови марихуана: Уапсени се пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana-vo-torba

На 16.01.2022 во 19.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода А.Б.(27) од с.Беранци, битолско, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 16.01.2022 во 15.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 16.01.2022 на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Л.(29) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 16.01.2022 година во 15.40 часот во близина на клучка Арачиново полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од с.Арачиново, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

а 16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Г.Д.(22) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања