На 18/19.01.2022 полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во рамки на сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци. Возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар, во рамки на сообраќајните контроли, исклучија од сообраќај двајца возачи поради бесправно управување со моторно возило, а 12 возила упатија во станица за технички преглед, при што кај 4 возила биле утврдени технички неисправности. За констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози.