На 09.02.2022 околу 22.00 часот на ул.„Черења“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.Н.(26), К.С.(19), К.К.(26) и Т.П.(22), сите од Штип, бидејќи при контрола на патничко возило „фолксваген“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., во возилото и кај Д.Н. и Т.П. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.02.2022 околу 21.10 часот во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(20) и Р.Р.(21) од ова село, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксваген голф 5“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Е.Х., била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 09.02.2022, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Н.Р.(37) во струшкото село Октиси. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.