Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Политички спор во Полска поради наводна испорака на ракети „Патриот“ за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Во Полска денеска изби политички спор поради сомневањата дека на Украина ѝ биле испорачани американски противвоздушни ракети „Патриот“, без за тоа да бидат информирани парламентот или претседателот на државата.

— реклама —

Опозициската партија Право и правда (ПиС) ја обвини владата дека донела таква одлука без потребната транспарентност, нагласувајќи дека овие ракети се неопходни за одбраната на полскиот воздушен простор.

Поранешниот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека ракетите „Патриот“ се клучен елемент во заштитата од балистички ракети и други современи закани.

— реклама —

Одговарајќи на обвинувањата, заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик изјави дека информациите за воената помош за Украина се класифицирани и не можат јавно да се објавуваат.

— реклама —

Полемиката се засили откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се соочува со недостиг од ракети „Патриот“, делумно поради зголемената побарувачка предизвикана од конфликтот со Иран.

Во април, украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров им се заблагодари на Германија, Холандија, Шпанија и Полска за дополнителната воена помош. Полскиот министер за одбрана Владислав Косинијак-Камиш тогаш одби да открие дали Полска испратила ракети од сопствените резерви или ѝ отстапила предност на Украина при испораката на американските нарачки.

Советникот за надворешна политика на полскиот претседател, Марчин Пжидач, изјави дека според неговите информации, Полска ѝ го отстапила на Украина приоритетот при испораката на ракетите од САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypdksohn53civ5tzA7Fy

(Видео) Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз Украина

Свет | пред 1 час

— реклама —
sateliiistarlinklui740e

Украина повторно доби стабилен „Старлинк“ по неколкудневни ограничувања – Трамп тврди дека Маск го активирал

Свет | пред 4 часа

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Може ли Украина да го парализира воздушниот сообраќај во Москва?

Свет | пред 22 часа

media-librarypm7e8e79vmhaeDTB9WM

Украинците ги покривале телата на убиените руски војници со гранки за да ги измамат дроновите – детали за тајната операција „Вивалди“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања