Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Politico: Европа разгледува воена тампон-зона во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ukraina-kiev-3

Европската унија разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за прекин на војната, објави Politico повикувајќи се на пет европски дипломати. Идејата се разгледува како можност за прекин на огнот или како дел од поствоен договор меѓу Украина и Русија, но во овие разговори засега не учествува Вашингтон.

— реклама —

Разговорите доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите за мировен договор. На 15 август тој се сретна со Владимир Путин на Алјаска, а неколку дена подоцна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери во Белата куќа. „Сите се обидуваат што побрзо да обезбедат гаранции за безбедност, за да не се предомисли Трамп“, изјавил еден дипломат. Притоа, предложената тампон-зона најверојатно би значела територијални отстапки од страна на Украина, но засега е неизвесно дали Киев би прифатил ваков план.

— реклама —

Дел од европските земји предупредуваат дека вакво решение може да донесе повеќе ризици отколку придобивки и да ги изложи украинските градови на нови руски напади. Источните членки на НАТО, предводени од Полска, се загрижени дека масовно присуство на војници во Украина би можело да ја ослаби одбраната на самиот источен фронт на Алијансата.

— реклама —

Според првичните проценки, меѓу 4.000 и 60.000 војници би можеле да бидат распоредени како мировни сили, при што Франција и Велика Британија се разгледуваат како носечки држави во операцијата. Освен обезбедување на зоната, мисијата би вклучувала и обука на украинската армија. САД јасно соопштија дека нема да испратат свои трупи, но се подготвени да дадат техничка поддршка.

— реклама —

И покрај дипломатските напори, Русија продолжува со напади. Кремљ го доведува во прашање легитимитетот на Зеленски, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва нема да прифати негов потпис на правни документи. Само како потврда на таквиот став, во масовен ракетен напад врз Киев во ноќта на четвртокот беа убиени најмалку 23 лица, меѓу кои и четири деца, а повредени се 63 граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања