Новата претседателка на Нова Алтернатива, која истовремено е градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, одби да одговори на политички прашања на денешната прес-конференција поврзана со дива депонија покрај Лепенец. Кога новинар започна да поставува прашања, таа уште не го дослуша, го прекина и рече дека нема да одговара.
„Политика не, во однос на Град Скопје. На политички теми може да разговараме надвор, на време и место. Денеска тоа што е во надлежност на градот и голем фокус молам да имате на оваа тема“, рече Арсовска.
Со ова, останува отворено прашањето, дали Нова Алтернатива ќе коалицира и натаму со СДСМ за време на изборите, едно од прашањата кое е главна тема во јавноста.
(Фото) Каде исчезна Зечевиќ од официјалните фотографии на конвенцијата на Данела
Партијата „Нова Алтернатива“ чиј новоназначен претседател е Данела Арсовска, почна и комуникација со медиумите. По поканата, денеска е испратен говорот на Арсовска, во кој таа кажува како ќе се бори за правда, најавува дека ќе ја лечи Македонија, но и дека ќе го менува Кривичниот законик. Во прилог беа испратени и фотографии, но на нив, ги немаше гостите кои привлекоа најмногу внимание - генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и Драги Митковски познат како Драги Книга кој се поврзуваше со Никола Груевски.Од осум фотографии, седум се со фокус на Арсовска.На една и како разговара со гостин на конвенцијата каде таа доби партија.На друга застаната на говорница.Па седната на маса.Од првите редови каде беа „важните“ гости, фотографии за медиумите - нема.
Македонија | пред 2 години