„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Половина милион евра преку тендери за семејството Муковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои вевчанската фирма „Атриум“, водена од братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски ги има потпишано со државни органи во последните 5 месеци.

— реклама —

Податоците се јавни и се впишани на сајтот на Бирото за јавни набавки.

За оваа фирма медиумите веќе објавија дека во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на скопскиот стадион пред одржување на европскиот супер куп и натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед,за време од владеењето на минатата власт. Поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и напумпани цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, владата поднесе пријава, а финасиската полиција се уште го истражува случајот.

— реклама —

Инаку Ссемејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски „Атриум“ од Вевчани ќе фарба државни ѕидови, ќе менува буков паркет, ќе го лакира и струга, по двојно повисоки цени од пазарните.

„Во претходниот тендер за кој се водат предистражни постапки, за стругање и лакирање на паркет цената била 2.312 денари по квадрат, а сега е 1.334 денари. За молерисување на ѕидови со тон порано цената била 219 денари, а сега е 123 денари за квадрат. А за менување на буков паркет фирмата наплатувала по 4.394 денари, а со овој тендер е постигната цена од 2.565 денари“- велат за ТВ 24 од Ад за стопанисување со станбен и деловен простор.

ТВ 24 контактираше по неколку занаетчиски фирми. Просечна цена за фарбање ѕидови со тон не е ни едно евро по квадрат со нивна боја, а фирмата на Мукоски ќе фарба за две евра по квадрат. За лакирање и стругање пак на паркет добивме цени од максимум 10 евра, а најдовме и за 6,5 евра со нивни материјал, додека „Атриум“ тоа ќе го работи за 22 евра по квадрат. А пак менување буков паркет прва класа со нивна набавка е максимални 30-35 евра за квадрат, но мајсторлукот на вевчанската фирма на пратеникот Мукоски ќе го платиме по речиси 42 евра за квадрат, објавија од ТВ 24.

Од АД за стопанискување со станбен и деловен простор велат се е законски. И изборот на фирмата, бидејќи немало негативна референца за неа кога ја избрале, како и сумите.

ТВ 24 се јави на и братот на Крсто Мукоски, Бобан Мукоски кој е сопственик на „Атриум“, но тој не сакаше да ги коментира тендерите.

Пратеникот на сега независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој гласаше за отворање на Уставот е еден од обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април лани.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања