Промени тема
Контакт

Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ, велат понеделнички од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

„Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ. Власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот. Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги - снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски. СДСМ се неспособни и ја оставија земјата на удар на енергетската криза во сред зима. Владата да не ја префрла топката и да го реши проблемот со парното. Ако е неспособна, што всушност и е нека распише веднаш предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ знае како да работи за државата“, додаваа тите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања