Скоро половина Скопје остана без електрична енергија. Од пред половина час, скопската населба Карпош од 1 до 4, но и Аеодром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, Мичурин, Автокоманда, немаат струја. Непознато е каде е дефектот и што е причината за истиот.
„Скопје1“ се обрати од ЕВН за детали, но до сега нема одговор. Според неофицијални информации, причината е голем дефект.