Промени тема
Контакт

Пoлска планира забрана социјални мрежи за деца под 15 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarytvufn0jg5e7eauQEGGj

Полска планира да воведе закон со кој на децата помлади од 15 години ќе им се забрани користење на социјалните мрежи, а платформите ќе бидат одговорни за проверка на возраста на корисниците, најави министерката за образование Барбара Новацка, пишува Reuters.

Владејачката Граѓанска коалиција денеска ќе го претстави нацрт-законот кој предвидува казни за платформите кои ќе останат достапни за помлади корисници. Новацка додала дека законот би можел да стапи на сила на почетокот на 2027 година.

— реклама —
— реклама —

„Го гледаме влијанието врз менталното здравје на децата и младите, како и падот на нивните интелектуални способности“, изјавила Новацка, напоменувајќи дека се уште се расправа за висината на казните за компаниите.

— реклама —

Неколку европски влади, вклучувајќи Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледуваат слични ограничувања поради тврдења дека социјалните мрежи се штетни или создаваат зависност кај малолетниците. Британската влада во јануари објави дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија во декември воведе слични закони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Узбуна во Полска: Воената авијација ставена во состојба на готовност

Свет | пред 1 ден

— реклама —
donald-tusk

Туск предупреди: Русија веќе води хибридна војна против Полска

Свет | пред 3 дена

media-library4t30bmnihjpac1IWAiX

Руски дрон удри во патнички воз на само два километри од границата со Полска

Свет | пред 1 седмица

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Лажна тревога во Полска: Војската се крена поради јато птици

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања