„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Полската одбрана со часови не забележала дека руски воен дрон лета над нивната земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
polska-dron

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми.

— реклама —

Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска.

Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно околу два часа во полскиот воздушен простор.

— реклама —

Полската одбрана не го забележала тоа

Според „Милитари“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во текот на сето ова време.

До моментот кога се вклучија сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот веројатно веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2:22 часот по Варшавско време, пишува украинскиот портал.

Украинците се сомневаат дека бил намерно насочен кон Полска

Порталот пишува дека постојат само две сценарија според кои Шахед можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.

Затоа, сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на земја-членка на НАТО, наведува украинскиот портал.

Што велат Полјаците?

Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана Власислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.

„Русија повторно ги провоцира членкита на НАТО“, рече тој, додека напорите за воспоставување мир во Украина продолжуваат, додавајќи дека „сите членки на алијансата се свесни за инцидентот“.

Полската полиција претходно соопшти дека неидентификуван објект се урнал на поле во селото Осини во источната покраина Лублин, на границата со Украина, рано во неделата.

Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на настанот, додаде таа.

Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.

Полски обвинител: Голема веројатност дека дошол од Белорусија

Дронот што се урна на поле во источна Полска најверојатно дошол од Белорусија, изјави денес регионален обвинител. „Постои многу голема веројатност дека објектот дошол од Белорусија“, рече обвинителот на Лублин, Гжегож Трусиевич.

Трусиевич рече дека не може да го потврди моделот на дронот. Белорусија, близок сојузник на Русија, го поддржува Кремљ од почетокот на инвазијата на Украина.

Членката на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најголемите политички и воени сојузници на Украина. Во ноември 2022 година, ракета падна врз селото Пжеводов на истокот од земјата, при што загинаа двајца мажи. Стануваше збор за залутан украински противвоздушен проектил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања