Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска за медиумите изјави дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак 2 се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.
„Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден. Сосема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие… Не зависно што предлага Министерството за правда и не зависно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам! Можам да прифатам, а можам и да одбијам“, порача Пендаровски.
Министерството за правда информира дека оваа година нема да проследи предлог за новогодишни групни помилувања на осудени лица односно дека листата целосно се поништува. Како што информира во соопштение до медиумите, оваа одлука ја донело по консултација со Управата за извршување на санкциите.