Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
462238820_930531399102405_5294589516636945626_n

„Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати“, објави Црвен крст на Република Македонија.

Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка.

Црвениот крст на Република Северна Македонија веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од своите резерви Црвениот крст на РСМ извои парични средства во висина од 10.000 евра како првична помош за настраданото население.

— реклама —

Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарност да и им помогнеме на настраданите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ

— реклама —

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

- За донации на средства во странска валута:

— реклама —

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bosna-1

Се преврте автобус на патот Тузла – Сараево, 11 лица се повредени

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library3hi0rvmnlhjkf6qa7Oq

(Видео) Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ, 38 повредени во стампедо

Настани | пред 5 дена

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Во БиХ сè уште се бројат гласовите, партиите прават калкулации, а Додик најавува нов Устав на РС.

Балкан | пред 1 седмица

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

И БиХ привремено прекина со употребата на бугарската БСЖ вакцината

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања