Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Понеделник е последен ден: Академијата која продуцира судии и обвинители не избра свој директор, оти претставник од Министерство за правда не дојде

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-10-at-15.23.19

Седницата на Академијата за судии и јавни обвинители, на која требаше да се избере нов директор, се одложи. Причината е отсуството на претставник од Министерството за правда. Според судијата Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор на Академијата која продуцира судии и обвинители, предложи седницата да се закаже за друг датум, оти сега можело гласовите да бидат 4-4 и огласот да пропадне.

„Сакам да укажам дека, како што и самите заклучивте, претставникот од правда не е присутен. Согласно Законот за академија за судии и јавни обивнители, укажува дека кога се носат одлуки од круцијално значење, како именување на директор, треба да има полн состав од девет членови. А ние сме осум членови. За да не дојде до ситуација да пропадне огласот и да има 4/4 гласови, предлагам точката од дневниот ред денеска да се тргне или седницата да се одложи“, рече судијата Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор на Академијата.

— реклама —
— реклама —

Предлогот за одлагање беше едногласно изгласан.

— реклама —

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, во јули поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата. По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sudija

Нов судско-обвинителски потрес во Академијата за судии и обвинители

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања