Промени тема
Контакт

Пониски сметки за струја до 800 денари за околу 7.500 семејства со ниски примања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja

„Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, кризата со топлинска енергија во Град Скопје. За да нема зголемување на цената на парното за крајните корисници, Владата ќе субвенционира 80 отсто од разликата на реалната и актуелната цена на топловодната енергија. Останатите 20 отсто треба да ги покријат Градот Скопје и општините во Град Скопје. Но најавите на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски дека Градот немал пари за оваа мерка е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска по секоја цена работат спротивно на интересите на граѓаните. Според проекциите, за оваа мерка за помош на скопјани, Град Скопје и општините во Градот треба да обезбедат еден милион евра“, посочи Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Градот немал пари за оваа намена. Истовремено, над 670.000 евра од градскиот буџет ќе се потрошат на вработувања на определено време на 109 луѓе, најголем дел од нив партиски активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри. Несериозни и неодговорни се тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, секој Буџет па и оној на Град Скопје може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза. Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија. Се друго е обид за оправдување и потценување на граѓаните. Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност. Таа има одговорност, мандат и надлежности да ги решава проблемите на граѓаните, а не да се крие зад разно разни изговори“, додаде таа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања