ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Понуда за соработка и опрема за младиот шампион во современ танц, Анди Исмаили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
DSC_0649-1080x675-1

Понуда за идна соработка со балетскиот оддел при Националната опера и балет, како и балетска опрема денеска му врачи министерката за култура Ирена Стефоска на Анди Исмаили, кој на Светското првенство во модерен современ танц во Варшава, Полска, ја освои титулата светски шампион. Младиот и талентиран гостиварец Исмаили, кој е член на танцовото студио „Idance“ од Гостивар, доби покана да учествува во некоја од балетските претстави што следнава сезона ќе бидат поставени на сцената на оваа национална установа.

— реклама —

Стефоска, честитајќи му го високото признание, го истакна значењето на едукацијата и институционалната поддршка на младите и талентирани уметници и важноста тие да бидат влучени во програмите на националните установи. Му пожела многу успех во кариерата како балетски уметник и уште многу награди на натпреварувањата низ светот.

— реклама —

Министерката за култура, од името на Министерството за култура, на Исмаили му врачи и благодарница за придонес во промоцијата на македонската култура и модерниот танц во светски рамки. Таа додаде дека Министерството за култура и во иднина ќе демонстрира висока грижа за едукацијата и промоцијата на младите уметници.

— реклама —

На натпреварувањето во Полска, што се одржа во декември минатата година, Исмаили стана светски шампион во конкуренција на над 2 000 учесници од 22 земји во светот, меѓу кои: Германија, Турција, Србија, Норвешка, Русија и други, а со вакво високо признание се закити и во 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања