„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Пописот продолжил, проблемот не бил во интернетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Државниот завод за статистика сподели информација дека денеска имало проблем при попишувње на граѓаните. Процесот продолжил непречено, а проблемот е надминат.

— реклама —

„Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата. Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации“, велат од Државниот завод за статистика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања