„Попишувачите се закануваат дека ако не ги пуштат, ќе влезат со полиција“, Јанчев од Левица за текот на пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
158914289_10207965657017017_8494220252371240819_n

Носителот на советничката листа во Гевгелија од Левица, Сашко Јанчев, тврди дека добива информации од луѓе дека попишувачите се закануваат дека ако не ги пуштат да ги попишат, наредниот пат ќе дојдат со налог за да влезат кај нив и со полиција.

— реклама —

„Ова е лага и обично заплашување! Повторувам. Ова е лага и обично заплашување За да ви влезе полиција дома мора судска одлука и таа се дава исклучиво кога е во прашање откривање кривично дело или поради заштита на здравјето на луѓето Одбивање да се попишете не е кривично дело, а пописов баш напротив го загрозува јавното здравје Не постои судија кој ќе издаде налог на полиција да ви влезе дома за да ве попишат. Значи НЕ ПОСТОИ Апостол инквизиторот и неговите попишувачи агенти се во паника оти има уште 5 дена за попис а они имаат попишано околу милион и триста илјади граѓани сосе податоци од бази, дијаспори и триста ујдурми. Се наоѓаат пред фијаско Не се плашете. Во прилог член 26 од Уставот Член 26 Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето“, напиша Јанчев.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања