Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Поплаки од сите страни: Граѓаните му пишуваат директно на министерот за доцнења на резултатите и пропусти во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
azir-aliu

Министерството за здравство го започна спроведувањето на Националната програма за кризен менаџмент и зголемување на отпорноста на здравствениот систем, прв ваков проект во земјава кој воведува нов пристап во справувањето со ризици, воспоставување стандарди и дигитална платформа за координација во реално време. Ова го истакна министерот Азир Алиу на денешната прес-конференција.

— реклама —

„Ова е јасен политички сигнал дека здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритети, а нашата обврска е да создадеме систем кој реагира пред да се случи криза, а не по нејзиното појавување. Со овие чекори државата се движи од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја опасност. Воедно започнуваме нова фаза на инвестиции вредна 205 милиони евра за модернизација на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и Кичево,“ рече Алиу.

Во рамките на оваа нова концепција, е воведена и алатка преку која граѓаните директно можат да пријават неправилности во здравствениот систем.

— реклама —

„До сега пристигнаа 90 пријави, најмногу од Скопје. Најчесто се однесуваат на доцнење на резултатите од испитувања, пролонгирање на прегледи и ангажмани на доктори како во јавниот, така и во приватниот сектор. Она што е најважно е дека овие пријави не се игнорираат, туку секоја се разгледува од посебни работни групи за да се обезбеди институционален одговор. Ова е јасна порака: времето кога здравствените проблеми се заташкуваа е завршено. Граѓаните сега имаат можност да го искажат својот глас и тој глас ќе биде слушнат,“ додаде министерот.

Тој посочи дека создавањето семејство треба да биде право, а не луксуз, поради што ја отстранија административната бариера и го зголемија бројот на финансирани ин витро обиди од три на шест, а постапката за одобрување е дигитализирана и скратена на две недели.

„Нема повеќе чекање со месеци, нема изгубени документи, туку само нови шанси и пристапност. Исто така, го поедноставивме процесот за лекување во странство, воведовме поголема одговорност во управувањето со Фондот и започнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани,“ истакна Алиу.

Тој нагласи дека се формираат кризни штабови кои ќе бидат обучени за брзо и ефикасно справување со разни предизвици.

„Целта е секој член на овие работни групи да биде подготвен да дејствува веднаш во случај на криза. Развиваме протокол за интероперабилност меѓу институциите, со кој ќе се утврди кои органи треба да бидат активни при различни видови природни непогоди. Во овие групи нема да има само здравствени работници, туку и претставници од надлежните институции за управување со кризни ситуации. На пример, ако се случи земјотрес, ќе биде јасно кој како да реагира, а клиниките ќе бидат подготвени со екипи за итна интервенција,“ појасни министерот за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања