Промени тема
Контакт

Поплави го парализираа Бангкок: откажани летови, стотици илјади домаќинства погодени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ
Илустрација

Големите поплави што зафатија делови од Бангкок го нарушија и меѓународниот воздушен сообраќај, при што авиокомпанијата „Thai Airways“ најави откажување на повеќе од десет летови до среда.

Главните аеродроми „Суварнабхуми“ и „Дон Муанг“ остануваат отворени, но патниците се соочуваат со значителни доцнења. Тајландската агенција за цивилно воздухопловство ги повика патниците да го проверат статусот на летовите пред да тргнат кон аеродромите и да предвидат дополнително време за патување.

— реклама —

Погодени се и услугите на аеродромот „Суварнабхуми“, бидејќи дел од персоналот има отежнат пристап до работните места. „Thai Airways“, со помош на војската, ангажирала дополнителен персонал за сортирање и доставување на багажот.

Бангкок беше погоден по неколкудневни обилни врнежи. Според податоците на градските власти, поплавите зафатиле околу 329.000 домаќинства, односно околу 700.000 луѓе.

— реклама —

Иако дождот во меѓувреме ослабнал, поплавите погодиле повеќе од 576.000 домаќинства низ целата земја, со околу 1,79 милиони засегнати лица.

— реклама —

Властите соопштија дека од средината на септември најмалку осум лица го загубиле животот како последица на поплавите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi40bc1je85evfDVItsT

(Видео) Провалија во срцето на Бангкок, евакуирани граѓани и затворена амбуланта

Свет | пред 1 година

— реклама —
bankok

Војската во Мјанмар пукаше во хуманитарен конвој, избегната нова трагедија: „Не ни кажаа дека доаѓаат“

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Бројот на загинати во Мјанмар драстично се зголеми

Свет | пред 1 година

6f6b196a-a9e0-44ad-bbcd-2f82f1ff669a

Во Бангкок итно се евакуираат луѓето од облакодери и згради во центарот на градот: „Се слуша како пукаат ѕидовите!“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања