Промени тема
Контакт

(Видео) Поплави во Кичево: Десетици домови поплавени, погодени околу 200 жители, прогласена кризна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Настани
media-libraryt9k7g75ma3r51Gs9gdi

Десетици домови и возила се под вода во Кичево по обилните врнежи што предизвикаа излевање на Зајаска река, а улиците во повеќе делови од градот се целосно поплавени. Жителите се обидуваат да спасат дел од покуќнината, додека водата навлегува во нивните куќи.

Најкритична е состојбата во населбата Подварош, каде граѓаните со сопствени пумпи, но и со помош на противпожарните екипи, ја испумпуваат водата од своите домови. Дел од улиците се непроодни, а оштетени се и паркирани возила.

— реклама —

Со соопштение се огласи и Општина Кичево, информирајќи дека поради интензивните врнежи повторно настанале поплави во неурбанизираниот дел кај улицата „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители.

— реклама —

Лицата на кои им е потребно привремено сместување ќе бидат згрижени во спортската сала во Иванидол. На терен интервенираат екипи на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијалната противпожарна единица, кои постапуваат согласно приоритетите и пријавите од граѓаните.

Свикан е Кризен штаб кој ја следи состојбата и ги координира активностите за заштита и помош. Од Општината апелираат на смиреност, трпение и внимателност, нагласувајќи дека ќе бидат искористени сите расположливи ресурси за справување со последиците од невремето.

— реклама —

До граѓаните се упатени и безбедносни препораки – да се избегнува движење низ поплавени улици и подрумски простории, како и да се исклучи електричната енергија во домовите доколку постои ризик од навлегување вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Жена во Кичево фрлала дрва кон две деца, потоа ги бркала со остар предмет

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytltsod8ldlrsdQYovnO

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Македонија | пред 1 месец

media-library1nkgmt7e9lhd9uwLOyh

(Видео) Балкански рис забележан во околината на Кичево

Македонија | пред 2 месеци

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања