Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Попов да ги научи обврските и надлежности на Градот, му порача Данела на советникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-5289

„Советникот во Советот на Град Скопје, Мартин Попов да ги научи обврските и надлежности на Градот, како советник кој е платен од буџетските средства на Градот, а истите се и средства на граѓаните, наместо да шири пропаганда и невистини со кои им штети и на Градот, но пред се на граѓаните“, се вели во реакција од Град Скопје на изјавата на советникот Мартин Попов.

— реклама —

Во неа се додава:

— реклама —

„Град Скопје уште во 2018 година побара од Владата на Градскиот енергетски систем (ГЕС) да му биде доделен топлификацискиот систем, но и покрај најавите на Владата, Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето за доделување лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија. Истото до денес не е реализирано и се води управна постапка за решавање на овој спор. Член 151 став 1 од Законот за енергетика може да важи само доколку ГЕС како претпријатие ја има лиценцата и е лиценциран дистрибутер на топлинска енергија до домаќинствата, што во случајот е јасно дека истиот закон не е на сила.

— реклама —

Уште еднаш го повикуваме советникот Попов, најпрвин да се консултира со стручни лица од областа на правото, како и со неговиот правен тим во СДСМ пред да излегува во јавност и пласира пропагандистички содржини подготвени од штабот на неговата партија. Да го потсетиме советникот Попов дека неговите јавни обраќања се во улога на советник во Советот на Град Скопје, за што е и платен од парите на граѓаните, а не како партиски гласноговорник.

— реклама —

Град Скопје нема ингеренции во носењето мерки со цел спречување на енергетската криза и токму затоа уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно да донесе јасен план за помош на граѓаните, како што би требало да постапува секоја Влада“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања